Веќе шест месеци сообраќајот на делницата Прилеп-Битола кај Технолошко индустриската зона Прилеп се пренасочува на регионалниот пат.
Оваа клучка на која што со градежни работи се започна на 17.09.2019 година, сè уште не е готова.
Од фабриката Карпош ад Скопје на 17 септеври известија дека „во наредните три месеци ќе се извршуваат градежни работи на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп“. Но и по шест месеци, клучката е далеку од готова.