Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, по критиките дека сообраќајот на делницата Прилеп-Битола кај Технолошко индустриската зона Прилеп се пренасочува на регионалниот пат веќче 6 месеци поради изградба на клучката, која требаше да биде готова за три, денеска истакна дека клучката ќе била готова по завршувањето на зимскиот период.
„Долги години стоеше така пасивно и како една голема опасност при влезот на камионите, автобусите кои ги превезуваат работниците, дека се очекува веднаш по завршувањето на зимскиот период, а секако и сегашните временски прогнози ни се во прилог на тоа што поскоро да заврши, согласно информациите од ТИР зоните дека веднаш после тоа, за две недели клучката ќе биде комплетно завршена. Во зимскиот период асфалтните бази не работат, така да од тоа зависи. Две недели по почнувањето со работа на асфалтните бази, клучката се очекува да биде завршена“, рече Апостолска.