Странскиот инвеститор „Гентерм“ по стапките на Преспанскиот договор ја стави „Северна“ во името

 

 

Една од најголемите странски инвестиции од времето на владеење на поранешниот премиер Никола Груевски, прилепски „Гентерм“, го промени својот официјален назив и во истиот го додаде новото уставно име на земјата. Според евиденцијата на „Фактор“, ова е единствен странски инвеститор до сега кој менува името според Преспанскиот договор.

 

Во владината одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп и за висината на закупнината „Друштвото за производство, трговија и услуги Гентерм Македонија Дооел увоз-изоз Прилеп“ се менува со зборовите „Друштвото за производство, трговија и услуги Гентерм Северна Македонија Дооел увоз-извоз Прилеп“.

 

Ваквата одлука се должи според договорот за закуп и за закупната цена на градежното земјиште во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

 

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски вели дека законски не постојат задолженија едно трговско друштво да го промени името, но дека тоа зависи и од тоа каква е неговата поврзаност со државните органи.

 

„Уставното име мора да се промени само кај државните институции, но не и трговските друштва, иако има и кај нив такви кои на доброволна основа го прават тоа. Една фирма кое го користи старото уставно име мора да направи промени единствено доколку има ненаков вид на договор со државата или истата има дел од сопственоста“, вели Бошковска – Јанковски.

 

Странската гринфилд инвестиција Гентерм“ во 2018 остварила приход од 56,2 милиони евра и има добивка од 2,5 милиони евра. Оваа компанија се занимава со снабдување на големите автомобилски корпорации со електрична и електронска опрема за вградување во возилата. Гентерм е најголемата компанија во Прилеп, пред Прилепска пиварница, Витаминка и Мермерниот комбинат.

 

Американската корпорација од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење  на седишта и управувачи, електроника и кабли за автомобилски брендови како што се „Форд” , „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа”.

 

Откако во декември, 2012 година беше поставен камен-темелник на ТИРЗ Прилеп, веќе во декември, 2014 година „Гентерм” ја објави својата одлука за реализација на инвестицијата во оваа зона, а во јули 2016 компанијата официјално започна со работа.

 

Бројката на вработени се движи помеѓу 1.500 и 2.000 работници. Груевски своевремено рече дека инвестицијата е резултат на заеднички сили од повеќе лица и долго работење на Владата со оваа компанија, по долги убедувања.

 

Извор: Фактор

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи