Нема да се одржи карневалот Прочка поради коронавирусот

Владата на седница утре претпладне ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот, најавува за “360 степени” извор од извршната власт.

 

“360 степени” пренесува дека одлуката ќе биде логична последица на предлогот што вечерва го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава. Овој предлог, пак, доаѓа по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести кои сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.

 

Одлуката на Владата ќе се однесува директно на карневалите што претстојниот викенд треба да се одржат во Струмица и во Прилеп, како и на спортските натпревари во следните денови, појаснува изворот за “360 степени”.

 

Инаку денеска 28.02.2020 година во 12 часот Советот на општина Прилеп ќе ја одржи 41-вата Итна седница со една точка на дневниот ред: Предлог одлука за откажување на 19.Меѓународен карневал „Прочка 2020“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи