Осуденик од Идризово измамил прилепчанец – со мобилен нарачувал трговска стока

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело “измама“ предвидено и казниво по чл.247 од КЗ на РСМ.

 

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

 

Имено, на 23 мај минатата година со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти и лажно претставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока го довел и одржувал во заблуда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп.

 

Притоа успеал да издејствува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице во износ од 65.402 денари за кој износ се стекнал со противправна имотна корист.

 

Инаку против Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019 година од страна на СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесени се повеќе кривични пријави за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминирани дејствија им причинил материјална штета на повеќе правнии лица за различни парични износи.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи