Нова метларка, 21 контејнер и мулчер за ЈП „Комуна“ во Крушево

 

Општина Крушево набави камион за метење и чистење – метларка, мулчер и 21 контејнер преку проектот МСИП за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, со заем од Светска Банка.

 

Опремата е веќе во Крушево и со оваа активност продолжува процесот на опремување и модернизација на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево, како и исполнување на еден од предусловите за туристички развој, а тоа е чиста дестинација.

 

„Продолжуваме со инвестиции во „Комуна“ за подобра услуга кон граѓаните, почиста средина и за граѓаните и за туристите. Досега набавивме камион за отпад, нов трактор со плуг за снег, неколку стотини корпи за отпад од Пакомак, организираме акции за чистење и подигање на свеста и со оваа последна активност навистина ја менуваме состојбата со комуналното претпријатие“, изјави градоначалникот Христоски.

 

Вкупниот износ на инвестицијата изнесува 4 909 222 денари.

 

 

Проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Крушево како целогодишна дестинација за туризам со разновидна туристичка понуда. Во последните години, главниот извор на раст на туризмот во Крушево е неговото напредно позиционирање како главна дестинација за параглајдерство. Овој проект ќе создаде услови за долгорочен одржлив туризам што постигнува рамнотежа помеѓу аспектите на животната средина, економскиот и социо-културниот развој на туризмот за да се гарантираат долгорочни придобивки за  заедницата.

 

 

Преку релизацијата на овој проект се овозможува и спроведување на оперативниот план за управување со отпад, дефиниран од јавното комунално претпријатие “Комуна”, со цел да се постигне чиста и еколошка дестинација, заедно со активности за подигнување на јавната свест заедно во соработка со локалното население. Имплементацијата на проектот несомнено ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот и благосостојбата на жителите на општина Крушево како резултат на растот и развојот на туризмот како една од најважните економски гранки на економијата Крушево.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи