Од Општина Прилеп денеска информиираа дека Меѓународниот карневал „Прочка 2020“ се откажува врз основа на препораките на Министерството за здравство.
„Врз основа на препораките на Министерството за здравство на Република Северна Македонија и на член 58, став 1, алинеја 4 од Закон за заштита на населението од заразни болести, „Службен весник на РМ“ бр.66/2004, 139/2008, 99/2009, 94/2010 и 86/2011, се откажуваат сите настани поврзани со Меѓународниот карневал „Прочка 2020“-Прилеп“, се вели во краткото соопштение на Општина Прилеп.
Инаку за денеска во 12 часот Советот на општина Прилеп ја закажа 41-вата Итна седница со една точка на дневниот ред: Предлог одлука за откажување на 19.Меѓународен карневал „Прочка 2020“, но и таа седница денеска пред самото нејзино одржување се откажа.