Прилепчанецот Дарко Неданоски член на Спелеолошкииот клуб „Златоврв“ – Прилеп е новиот Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија. Неданоски за брзо време најавува голем број новини во Федерацијата.
„Планирам пред се обновување на Федерацијата, нејзините активности, обновување на голем број спелеолошки клубови во Македонија, создавање на спасителни служби во повеќе региони, но исто така се планираат отворање на голем број тренинг кампови, нови експедиции и надоградување на нашето знаење со искуствата на други клубови и федерации од странство. Еден од поголемите приоритети ќе биде и членството во Европската комисија за спасување“, истакна Неданоски.
139