15.000 работници од Прилеп добиваат повисока плата преку Мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата

 

 

Мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата ја користат 119.445 работници во државата. Во Скопје има 8.860 работодавачи на 51.760 вработени лица, во регионот на Битола 4.230 работодавачи на 23.239 работници, во регионот на Прилеп 2.825 работодавачи мерката се однесува на 14.890 работници, во Струмица 2.656 работодавачи за 13.651 работник, Тетово 3.043 работодавачи за 10.498 работници и во регионот на Штип 4.151 рабодотавач кој се однесува за 26.844 работници

 

Ова се податоци на Управата за јавни приходи што денеска ги изнесоа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорката на УЈП Сања Лукаревска кои заедно со министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ја посети компанијата „Босут“ за производство на хтз опрема во Куманово.

 

„На ниво на држава 119445 работници ја користат мерката за субвенционирање  придонеси за раст  на плати, со што посочи растат платите. Последните статистички податоци за декември, минатата година, покажуваат дека просечната плата расте рапидно и континуирано и го подобрува стандардот на работиците“, истакна Царовска.

 

„Износот кој што се обезбедува за 2020 година е рекорден, заедно со партнерите обезбедуваме 1,45 милијарди денари со цел да излеземе во пресрет на потребите на компаниите од една страна и од друга страна работиме на намалување на невработеноста воопшто во државата со особен фокус на младите лица“, рече Шкријељ.

 

Таа ги повика компаниите да ги користат мерките опфатени во оперативниот план, не само за раст на плати, туку и обуки кај познат работодавач, практикнатсво и младински додаток за кој истакна дека е поддршка за вработување во фирми од производна дејност од 3.000 денари месечен надоместок за младите лица.

 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека мерката субвенционирање на придонесите за повисоки плати е доказ дека владината програма и мерки се во интерес на граѓаните и докажува дека со институционална соработка е успех и за економските текови во државата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи