ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повика директорите на повеќе институции да ги повлечат двојазичните табли

Во надеж дека ќе ги испере своите валкани раце, Зоран Заев пред изборите одново манипулира со сите граѓани на Република Македонија. На ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека поставувањето на двојазични табли на институциите во Прилеп било направено по грешка и дека истите ќе биле тргнати.Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Токму Зоран Заев е виновникот за провокациите кон граѓаните на Прилеп, под чие менторство беа поставени двојазични табли на Центарот за социјална работа и филијалите на фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува: Дејан Тошески – директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Виолета Малкоска – Тошева, раководител на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Кристијан Пиличев – раководител на Фондот за здравствено осигурување, да го послушаат својот лидер и да ги отстранат двојазичните табли од своите институции“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи