Курц: Ако ја пробијат грчката граница, мигрантите ќе бидат запрени на Западен Балкан

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека постои тројна безбедносна мрежа за да не се повтори мигрантската криза од 2015 година, која предвидува мигрантите да бидат запрени на Западен Балкан доколку ја пробијат грчката граница.

 

„Постои тројна мрежа. Првата е дека грчката Влада, за разлика од порано, е одлучна во одбраната на надворешната граница на ЕУ. Ние сме во близок контакт со пријателите во Западен Балкан, и тие се подготвени, во случај на пробивање на грчката граница, да ја заштитат својата и да не дозволат пропуштање на мигранти. Трето, министерот за внатрешни работи е подготвен да ја заштити границата на Австрија од пробив на мигранти. На тој начин ќе се спречи нова мигрантска криза како онаа во 2015 година“, рече Курц во интервју за виенскиот весник „Кронен Цајтунг“.

 

Курц изјави дека сегашната состојба не е случајност, туку свесен, организиран напад на Турција.

 

„На тие луѓе им е дадена лажна надеж. И тие делумно со турски автобуси се пренесени до границата“, рече тој, додавајќи дека е драматично тоа што Турција ги злоупотребува страдањата на тие луѓе.

 

Тој апелираше до Европејците, кои зборуваат за потребата да се заштитат надворешните граници, да не потклекнуваат на притисокот на Ердоган и да ја поддржат Грција затоа што земјата сега го прави она што тие го бараа – заштита на надворешната граница на ЕУ.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи