ВИДЕО – Китанов : За 3 години Пелагонија ќе се поврзе со експресен пат, а ќе се гради и автопат Прилеп-Битола

Во моментов е дадена е проектна задача на градежниот факултет да се сработи автопатско решение од Прилеп до Битола. После тоа, откако ќе ја сработат од градежниот факултет проектната задача, ќе се стави на тендер за проектирање. Истакна денеска Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

 

 

Во меѓувреме, завршува некаде мислам јуни месец проектирањето кое од минатата година е започнато за обиколница на Битола и експресен пат до Меџитлија, така да ако можете да ја гледате целата оваа слика, целото ова за три години да добие форма од експресниот пат, отпочнување на автопатот, обиколницата на Битола, патот до Меџитлија. Од ноември е започнат и стариот пат, затоа што градиме нови, но да не ги забораваме старите патишта, затоа што и тие добро ни служат, од Битола, Тополчани, Прилеп, веќе како што знам од 15 километри се дојдени на 8-миот километар и тоа очекувам март месец да биде завршено“, истакна Китанов.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи