Ристески: Над 1000 професори и наставници од Прилеп ќе добиваат достоинствени плати

Над 1.000 наставници и професори од Прилеп ќе добијат пати какви што заслужуваат. Во новата програма се обврзуваме на плати до 36.700 денари за наставниците во основното и средното образование, што ќе значи почитување на нивното достоинство и мотивација за напредување и усовршување на работните места, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

 

„Се обврзуваме на плата до 100.000 денари за универзитетските професори, 80.000 денари за вонредните професори, 60.000 за доцентите и до 45.000 денари за асистентите на факултетите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува и изградба на 20 нови, како и реконструкција на 50 училишта ширум државата. Ова значи дека идната влада ќе стави голем фокус кон градењето на здрав образовен систем, кој ќе се насочи кон креирање на идни генерации и стручни кадри со знаење, како и кадри кои му требаат на стопанството“, кажа Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи