ВИДЕО – „Чин 4 Сцена 5“ ја прикажа својата најнова премиера – претставата „Ана“

 

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ синоќа во киното „Мис Стон“ ја прикажа својата најнова премиера, претставата „Ана“, работена според  „Дневникот на Ана Франк“. Малата 2 група од училиштето претставата ја подготвувале 8 месеци. Идејата била граѓаните да се потсетат на ѕверствата и злосторствата кои се случувале во Втота светска војна, со порака никогаш да не се заборави тоа, но и никогаш да не се повтори.

 

 

Инаку Ана Франк е родена на 12 јуни 1929 година. Во 1934 година кога Нацистите доаѓаат на власт во Германија нејзиното семејство се преселува во Холандија. Но во 1940 година и Холандија е окупирана од нацистите. Ана заедно со нејзиното семејство и други евреи се приморани да се кријат во еден анекс, каде таа го пишува и својот познат дневник. Во 1944 година се откриени од страна Германците и се однесени во концентрационен логор каде и Ана починува во 1945. Од целото семејство жив останува само нејзиниот татко кој го објавува Дневникот во 1947 година, кој потоа е преведен на 60 светски јазици и од него се продадени над 30 милиони копии.

 

 

 

 

 

Едно големо наследство што тоа девојче ни го оставило нас како условно кажано нејзини наследници, за да се сеќаваме на тој ужас кој што се случувал во 40-тиите години на минатиот век, каде 85 милиони жртви загинале како резултат на ѕверствата на човештовото кои се случувале во текот на Втота светска војна. Ова е завршната претстава на повозрасната Мала два група на училиштето решивме да ја поставииме оваа претства со цел да испратиме една порака кон сите генерации, како едно потсетување дека она што се случило никогаш не треба да се заборави, бидејќи човековиот ум брзо заборава некои работи, а ние решивме да ги потсетиме луѓето колку ужасни работи се случувале и колку живот згаснале во тиие 6 години колку што траела војната“, истакна Саша Нацевски, раководител на „Чин 4 Сцена 5“

 

На 20 март училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ има закажано уште една премиера, „Солунски патрдии“. Сите собрани средства од оваа претстава ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Мината година членовите на „Чин 4 Сцена 5“, и ветераните и актуелните членови хуманитарно ја играа „Викенд на мртовци“. Годинава се надеваат дека со „Солунски патрдиии“ ќе соберат многу повеќе средства и ќе одиграат многу повеќе претстави. Се надеваат дека новонастанатата ситуација со Корона вирусот и забраните за јавни собири нема да им ги променат плановите, затоа што практично целиот месец март, скоро секој ден, имаат закажано по една претстава.

 

Покрај премиерата од „Ана“ имаме планирано уште 10 изведби кои што веќе се распродадени, а со „Солунски патрдии“ одиме консекцентно, моментално се распродадени 4 претстави и се надеваме дека ќе надминеме бројката од 7 која што ја постигнавме со „Викенд на мртовци“, додаде Нацевски.

 

Оваа година на 17 март Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ одбележува и 13 години постоење.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи