ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави носителите на изборните единици и кандидатските листи за пратеници. Партијата ќе има три кандидати за пратеници од Прилеп, пренесува порталот Маркукуле.
Во четвртата изборна единица каде припаѓа и Прилеп, носител е партискиот потпретседател Александар Николовски, а веднаш по него на второто место е членот на ИК од Прилеп, Ане Лашкоска.
На шестата позиција е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на четиринаесеттата позиција.
Александра Свајќароска пак ќе биде на 20-тата позиција во ИЕ 4.
Инаку ова се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ во 6-те изборни единици.
- Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова
- Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски
- Игор Јанушев ќе биде носител во тројката
- Потпретседателот на партијата, Александар Николовски, во четворката
- Оперскиот пеач Игор Дурловски во петката
- Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест
Ана Лашкоска
Петар Ристески
Ирена Стерјовска Локвенец