Коронавирусот ги затвори градинките, училиштата и факултетите, спортот без публика, казна затвор до 1 година за непочитување на мерките

 

Владата донесе одлука да се затворат градинките, училиштата и факултетите и научните институти во наредните 14 дена, како превенција од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, апелираше до родителите да ја почитуваат препораката за мирување и седењето дома и да не се посетуваат игротеките, како замена за неодењето на учиилииште.

 

„Апелирам да се почитува мирувањето и седењето дома, да не се претвори во масовно посетување на игротеки, како што беше случајот со епидемијата на морбили. Ако одат по игротеки, тогаш мерката нема да има никава смисла. Да се почитува мерката децата да бидат во домашни услови“, кажа министерот.

 

Владата на денешната седница исто така одлучи дека по еден родител на деца до 10-годишна возраст, кои се вработени во државни институции и во приватните фирми се ослободува од работа во наредните 14 дена, а отсуството ќе му биде платено. Одлуката следи по препораката на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките во превенцијата од коронавирусот.

 

Владата забранува и настани на отворен и затворен простор каде присуствуваат над 1.000 лица на територијата на цела држава во следните 14 дена, а исто така препорачува да се откажат и да не се организираат настаните со број учесници помал од оваа бројка. Се забранува одржување и на спортски натпревари со публика во период од следните 30 дена.

 

Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните подрачја во период од 14 дена.

 

Парична казна или казна затвор до една година, се предвидува според членот 206 од Кривичен законик за граѓаните кои нема да ги почитуваат препораките на Владата против ширење на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференцијата по седницата на Владата на која ги објави мерките, кажа дека сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон нив, ќе бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи