Темелкоски : Скандалозно е што 2 години по ред Прилеп нема проекти од археологија, комплетно е запоставен и најзначајниот локалитет Стибера

Археологот Душко Темелкоски, кој беше раководител на археолошките истражувања на локалитетот Стибера во ФБ статус истакнува дека денеска добил дефинитивно добив конечен одговор од Министерството за култура дека за Прилеп не е одобрен ниту еден проект за археологија, вклучително и за локалитетот Стибера.

 

„Денеска дефинитивно добив конечен одговор од Министерството за култура – единствено прилепскиот Музеј втора година по ред има проекти од археологија 0, нула, ич, јок, ниту еден. Сите музеи добија. Оние малите што се под локална добија по еден финансиран од Министерството, а Заводите и Музеи како прилепскиот, по 3 – 4 археолошки ископувања на терен. Пред цел стручен колегиум директорот на музејот си кажа, а тоа и секаде го кажува „додека е тој на позиција директор во музејот во Прилеп – археологија ќе нема“. Претходните години се фрлале премногу пари за копање, па доста било. Дојде живот за него и неколку околу него. Археолозите, ние четворица, да умреме. Нема за нас живот. Како засегнат го пишувам ова, не за мене, туку за прилепската археологија која е основачка гранка на музејот во 1955 година. И секако за античкиот бисер, македонската Помпеја, таканаречена од еиминентни наши колеги, СТИБЕРА кај селото Чепигово. Почната да се истражува во 1953 година, непрекинато до пред две години. Во ранг на Стоби, Хераклеја и Скупи, но за жал скоро 100 процентно под земјиште во приватна сопственост. И кога до пред две години во две кампањи отворивме репрезентативна градба веднаш до храмот на богинката заштитничка на градот, која за среќа е единствено 90 проценти во државен појас и која единствено може да се конзервира покрај одамна веќе конзервираните неколку градби, Министерството му дозволува на директорите да одлучуваат кои проекти да имаат приоритет. И градбата стои така, недоистражена. Затоа што на нашиот директор ете така му се сака. Не му е приоритет археологијата, знаеме ние вработените и во министерството меѓу другото што е приоритет“, вели во дел од својот ФБ статус археологот Темелкоски.

 

Според Темелкоски приговорот кој бил упатен до Министерството за култура, кое првично не одобрило пари за Стибера, бил намерно забошотен.

 

„За да дури денес ми се јавуваат од комисијата и ми се жалат како да одговорат потврдно кога во писмото стои – заради „технички пропуст“ ставете ги овие два проекти во листата на отфрлени. Значи, од Министерството едноставно се извинија и рекоа дека не можат да одат против овогодинешната одлука зборот на директорите да биде единствен одлучувачки и последен. Значи, прво мистериозно се забошотуваат моите два проекти, се ставаат во некоја фиока и во јануари комсијата ги нема на увид во редовна процедура во разгледување на проекти. А пак писмото, наместо реакција да биде да се направи нешто за добро на Музејот и се вметни Стибера, оној што одлучува всушност ги осудува двата проекти, едноставно барајќи „техничкиот пропуст“ да биде исправен, вметнете ги во отфрлени проекти. Е ова го нема ни во Зимбабве“, вели Темелкоски.

 

Според директорот пак на Заводот и Музеј – Прилеп, Благоја Атанасоски, не било вистина дека тие добиле официјален одговор од Министерството за култура дека проектот за Стибера се одбива.

 

„Ние до денес немаме добиено официјален одговор од Министерството за култура по нашиот приговор кој што го упативме дека годинава не се одделени средства за истражување во Стибера. Категорично ги отфрлам обвинувањата на колегата Темелкоски како невистинити. Јас не знам од каде ги добил овие сознанија кои ги изнесува. Утре сум на состанок во Министерството за култура каде меѓу другите работи ќе разговарам и за проектот за Стибера и изворно ќе се информирам околу ставот на Министерството по нашиот поднесен приговор како Завод и Музеј“, истакна Атанасоски.

 

 

Денеска дефинитивно добив конечен одговор од Министерството за култура – ЕДИНСТВЕНО прилепскиот Музеј ВТОРА ГОДИНА ПО…

Posted by Душко Темелкоски on Tuesday, March 10, 2020

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи