Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја разреши директорката на кожната клиника, која не ги почитуваше неговите препораки. Оваа одлука ја донел откако се консултирал со антикорупциската комисија. Дека нема пречки за нејзино разрешување потврдуваат и од Антикорупциска. Настанот воопшто не бил поврзан со изборите, туку со несовесното постапување на функционер избран од граѓаните.
Членот 34 од законот за спречување корупција пропишува забрани за почнување на постапки за вработување или престанок на работен однос во време на распишани избори. Но никаде не е забрането да се разрешуваат функционери, кои не би го изгубиле работното место туку само функцијата. Денеска реагираа и од лекарската комора од каде велат дека за сега ќе следува само опомена за докторката Нина Цаца Биљановска.
За обвинителството е рано да отвори случај за докторката која се вратила од скијање во Италија, и не пријавила а плус викендов била и на симпозиум на кој присуствувале стотина доктори. Вчера и беше дијагностициран коронавирусот но за сега и за обвинителството не е познато дали таа го пренела вирусот.