ВИДЕО – Јанески : Шест куќи на улицата „Орде Чопела“ конечно добија канализација

 

 

За само неколку денови, ЈКП „Водовод и канализација“ изработи нова канализациона линија во должина од 150 метри, со што во колекторскиот систем на јавното претпријатие за прв пат после 60 години се вклучени 6 куќи од УЗ „Варош“.

 

 

„ЈКП „Водовод и Канализација продолжува да ги решава проблемите на граѓаните во сите месни заедници. Во минатите неколку денови изработивме нова канализациона линија, долга повеќе од 150 метри и во колекторскиот систем прифативме 6 куќи кои над 60 години не беа вклучени во канализационата мрежа. Станува збор за улицата „Орде Чопела“ од број 1 до 11. И во наредниот период со силно темпо ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните. Имаме изработено план за сите месни заедници. Од понеделник почнуваме да работиме на улиците „Републиканска“, „Октомвриска“ и „Савска“, во населбата „Сточен пазар“, потоа кај социјалните бараки во наслбата Варош и на повеќе други локации во градот“, истакна директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

 

Од ЈКП „Водовод и канализација“ велат дека останува во канализационата мрежа да се поврзат уште неколку куќи од улица „Пчиња“ од УЗ „Гоце Делчев“, со што целиот град ќе биде покриен со канализација.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи