Јавниот Градски Превоз при ЈПзаПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека од утре, четврток (12.03.2020 год), нема да важи бесплатниот превоз за ученици, исто така нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).
Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.
Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.
128