Привршува асфалтирањето на улиците во населеното место Големо Коњари

 

Привршува асфалтирањето на улиците во населеното место Големо Коњари во должина од околу 1.200 метри. Денеска увид во градежните работи околу реконструкцијата на улиците извршија градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

 

„ Со оваа реконструкција се опфатени 1.200 метри од патна инфраструктура, а градежните работи на терен се веќе при самиот крај. Да напоменам дека остануваат уште 1.800 метри за асфалтирање, кои ги оставивме за реконструкција во наредниот период, затоа што на тие улици се’ уште нема фекална канализација. Токму за тие улици, во тек е подготовката на тендерската документација за изработка на секундарна канализациона мрежа, во должина од околу 1.800 метри, со која ќе бидат опфатени околу 200 куќни приклучоци за домаќинствата. Веднаш после изведбата на фекалната канализација, ќе бидат асфалтирани и улиците“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

 

 

Јованоски потенцираше дека со овие инфраструктурни инвестиции, општината го заокружува процесот на решавање на приоритетните проблеми и потреби на жителите од Големо Коњари, при што обезбедува пристап до канализација и асфалтирани улици за сите жители од населеното место.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи