Во моментов на Инфективната клиника се чекаат резулататите за 12 нови лица кои се тестирале утрово за корона вирусот, меѓу кои едно е од Прилеп, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Засега, на Инфективна се уште се седумтемина пациенти, кои се со лесна клиничка слика, нема потреба од механичка вентиилација кај никој од нив. Првата заболена пацинетка е негативна на контролниот тест и се очекува да биде пуштена во наредните неколку дена.
Тестови во овој момент има доволно, рече Филипче, но ќе се набават дополнително нови. Капацитетот на Инфективната клиника е сосема доволен, рече министерот, направени се планови и кои катови ќе бидат изолирани, доколку се појават повеќе случаи.