Пендаровски: Не е крај на светот ако се одложат изборите

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Претседателот на државата Стево Пендаровски денес на прес конференција кажа дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат, но сепак има голема резерва за самиот ден на изборите.

 

Пендаровски смета дека поради состојбата со коронавирусот голем број граѓани нема да излезат на избори и дека многу тешко ќе биде да се реализираат посебни мерки за гласање со оглед на тоа дека изборите се организираат во затворени простории и околу 500-600 лица гласаат во една изборна единица.

„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Моја проценка е дека избори со редуцирана кампања како што договорија вчера лидерите на политичките партии може да се реализира, но имам голема резерва за самиот ден на извори. Не сакам да се сфати дека јас сега некому наметнувам решение или некому држам предавање. Сметам дека партиите на следната средба повторно треба да се наврати на ова прашање“, рече Пендаровски.

Пендаровски во понеделник закажал состанок на Советот на безбедност, на кој покрај стандардниот состав ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи