Тешко повреден градежен работник во Прилеп откако комбе му го срушило скелето

 

 

Вчера 10.50 часот било пријавено дека на улицата „Поп Аврамија“ во Прилеп, товарно возило „пежо боксер“,  со прилепски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.Ј. од Прилеп, при разминување со непознато возило со десниот ретровизор удрил во дрвена необележана талпа од скеле. Притоа од скелето паднал 67-годишен градежен работник од Прилеп, соопшува МВР.

 

Во незгодата работникот Т.Т. се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување лекарска помош.

 

На местото на настанот извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи