Вкупно 18 пациенти со коронавирус има во државава, откако денес биле тестирани 12 лица, од кои шест се позитивни на коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Еден од новите случаи на коронавирус во земјава е пациентка од авионот на Визер што синоќа слета од Барселона. Таа свесна, како што рече Филипче, дека пред патувањето имала покачена температура, за време на летот носела заштитна маска. Сите 51 патник од авионот имаат добиено решение за самоизолација
Четворицата од Дебар се донесени на Клиниката во Скопје, што значи дека вкупно 13 се во Скопје. Петте новодијагностицирани од Дебар ќе останат во дебарската болница, каде што има кадар што може да ги лекува овие пациенти. Сите нови пациенти се со лесна клиничка слика, рече Филипче. Од следните денови уште еден специјалист ќе се испрати во Дебар.