Седум лица се тестираат за корона, меѓу нив и две родилки

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Седум нови пациенти се тестирани за корона вирус, и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Меѓу нив има и две родилки од Дебар, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

 

Другите пациенти се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија и сите се јавиле со висока температура.

 

Останатите 18 заболени се во стабилна состојба, рече Филипче, а првозаболеата која сега е излечена, утре ќе биде пуштена на домашно лекување.

 

Министерот Филипче рече дека  во државата има 120 респиратони машини, близу 90 од нив се во Скопје. Целиот медицински персонал од државните и приватните болници е ставен на располагање и ќе биде ангажиран согласно потребите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи