И во време на криза, несовесни граѓани кризираат низ градов. Утринава дупки осамнаа на местата каде минатата година беа засадени зимзелени украсни растенија во населбата Точила. По Дабнички канал пак, состојбата е очајна. Искршени се дрвајата кои минатата недела комуналците ги засадија со цел да се формира зелен појас околку критичниот Дабнички канал. Се чини совеста на одредени прилепчани никако да проработи.
Разочарани од постапките на граѓаните, комуналците и понатаму ќе се борат против оваа со години немила појава, и на места на искршените и откорнатите дрвја и украсни растенија ќе засадат нови. Сепак, останува прашањето дали и во време на пандемија, дали и во вакво време невреме кое се заканува на целиот свет, толку сме храбри и некултурни за да уништуваме општи добра, кои пред се користат за здравјето на луѓето, го подобруваат амбинеталниот воздух и служат за чиста животна средина за која се залагаме сите.