Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција информираше дека ќе бара организирање на лидерска средба за одложување на изборите.
„Ризикот од одржување на изборите ја прави понепријатна состојбата, со помислата дека треба да се оди на избирачки места каде што граѓаните би биле изложени. Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена. Условите не дозволуваат нормално спроведување на изборите. Сега се треба да биде во заштита на граѓаните. Јас во името на СДСМ ќе побарам да се организира лидерска средба на претседателите на политички партии на која ќе се разговара за одложување на изборите. Сега не е време за политички противници и најважно е процентот на заболени да биде што помал и на излекувани да биде целосен. Време е граѓаните да бидат обединети“, рече Заев.