Мицкоски: Изборите треба да се одложат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека изборите треба да се одложат, а најави дека ќе побара и лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Мицкоски на својот профил на Фејсбук пишува дека интересот на граѓаните и јавното здравје треба да биде приоритет.

 

„Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање, интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор за одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и кон државата. Нема ниту една разумна и ниту една човечка, рационална и прагматична причина тие да не се одложат бидејќи за мене, а верувам и за останатите, борбата за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатлива“,пишува Мицкоски.

 

Тој, повикувајќи се на препораките од релевантните домашни и светски организации, вели дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување активности.

 

„Во овие кризни моменти, ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на изборите ќе значи и изложување илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе, на директен ризик за нивното здравје и ширење на коронавирусот“, додава Мицкоски.

 

Тој најави и официјална прес-конференција за денеска во 12:30 часот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи