Рекордно намалување на цените на горивата

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија за енергетика рекордно ги намали цените на горивата.

 

Од ноќеска, бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6,0 денари, па така Еуросупер 95 ќе се продава за 54,5 денари, Еуросупер 98 за 56,5 денари и дизелот  за 48,5 денари

 

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 

Драматичниот пад се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво.

 

Од Регулаторна соопштија дека поради корона вирусот, додека траат мерките, нема да има исклучување на вода, струја и парно.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи