Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп, ги информира сите корисници на јавниот градски превоз, дека поради новонастанатата ситуација со корона вирусот, од утре, среда 18-ти март, покрај останатите претходно изречени мерки, укинување на бесплатниот превоз за ученици и возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год), се воведува и редуциран возен ред.
Односно, автобусите на сите три линии ќе сообраќаат од 06:30 до 09:00 и од 14:00 до 17:00, освен во недела, кога возниот ред останува непроменет.
Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот возен ред, се согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.
Одлуката е времена и ќе важи се’ до наредните препораки.