Тројца новозаразени, над 200 лица одат во колективен карантин на Криволак

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Утрово се тестирани 10 пациенти, тројца се позитивни, беа тестирани синоќа на клиниката „Жан Митрев“, а денеска потврдени во Институтот за јавно здравје, со што вкупната бројка на заболени во Македонија изнесува 26, изјави денес на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

 

Околу 200 луѓе пак кои синоќа беа заглавени на унгаско – српската  граница се на пат за Македонија со организиран превоз и се очекуваат преку граничниот премин Деве Баир. Тие работеле во ризичните региони во Италија и дел во Австрија и сите ќе бидат сместени на Криволак во касарната во Пепелиште во групна изолација.

 

„Тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде ќе имаат лекарски тим, ќе им биде направена проверка, ќе биде обезбедена храна и се што е потребно, изјави министерот Филипче на денешната прес конференција.

 

Моментално над двесте луѓе се во домашна изолација и засега нема заболено ниту едно лице што било во контакт со докторката од Кожната клиника.

 

Министерот исто така посочи дека во тек се интервјуа со патниците кои биле во авионот со кој патувала пациентката од Скопје, кај која завчера беше потврден коронавирусот. Таа стигнала со авион од Холонадија преку Виена ноќта меѓу 12 и 13 март. Филипче рече дека биле контактирани и од Австриската амбасада и ги дале сите потребни информации.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи