Полицијата во моментов обезбедува 310 граѓани низ државата кои се во изолација поради тоа што биле во контакт или во близина на заболени од корона вирусот. Најмногу од нив, 173 од нив се од во скопското подрачје, информираше министерот за внатрешни Наќе Чулев.
„Освен Дебар и Жупа, кои се целосно под изолација, СВР Скопје обезбедува 173 лица под изолација, СВР Битола 13, Тетово 16, каде што е константирано и едно прекршување на мерката изолација. СВР Охрид чува 82 лица, Струмица 12. Едно лице од Струмица излегло од самоизолација, па полицијата ќе му поднесе пријава. Во Куманово полицијата чува 6, во Штип 8 лица под изолација“, рече Чулев.
Чулев апелираше до граѓаните да ја почитуваат препoраката за самоизлолација. Нема пријави дека препораките не ги почитуваат оние кои дошле од Северна Италија и апелираше да се пријави доколку се забележи непочитување, преку емаил или телефонски.
Телефонски број: 0800-00201
E-mail: mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk