Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот, Македонија на чекор до НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Со 240 гласови ЗА, 21 воздржан и ниту еден против Сенатот на Шпанија  го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

 

Сенаторите во Шпанија, поради тешката состојба во која се наоѓа земјата поради коронавирусот, протоколот го ратификуваа електронски без присуство во пленарната сала. Со оваа ратификацијата заврши процесот за ратификација кај сите членки на Северно-атлантскиот сојуз.

 

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров заедно со шпанскиот амбасадор во земјава Лоренцо Сера во прес салата на Владата во Скопје го следеа гласањето за протоколот.

 

„Шпанија е последната, 29 земја членка на НАТО што го ратификувашенашиот пристапен протокол. Со тоа заврши процесот на ратификација кај сите сојузници. Шпанија сега ќе го депонира протоколот во Стејт департментот, како депозитар на Вашингтонскиот договор, Вашингтон ќе испрати информација до НАТО во Брисел и официјално од НАТО ќе бидеме поканети и ние да го доставиме законот за ратификација кој веќе беше ратификуван во Собранието“, рече Димитров.

 

„Ми преставува големо задоволство усвојувањето од страна на Сенатот на Шпанија на Законот за ратификација на Протоколот за прием на РС Македонија како 30-та членка на НАТО. Шпанија и РС Македонија ќе станат и формално сојузници што веќе де факто и се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи штом неговото височество кралот на Шпанија ќе го потпише законот и инструментот за ратификација биде депониран во Вашингтон, што секако ќе се случи многу набргу“, рече на македонски јазик шпанскиот амбасадор Сера.

 

Македонија ја почна соработката со Алијансата во 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуцијата за пристапување во НАТО. Во април 1999 година, пак и официјално стана земја кандидат за членство во Алијансата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи