Претседателот на државата, Стево Пендаровски, прогласи вонредна состојба. Одлуката e во сила 30 дена. Информацијата ја кажа лично тој во своето обраќање од претседателската резиденција.
„Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика“, истакна Пендаровски во вонредното обраќање.
Владата ќе продолжи да функционира како техничка. Вонредната состојба е прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот.
Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер предлогот го проследи до претседателот на државата.