Компаниите „Gifty текст“, „STAN MK“ и „Кули“ доброволно се вклучуваат во борбата против корона вирусот со бесплатно шиење на заштитни маски.
Маските ќе се произведуваат комплетно бесплатно, а компаниите се спремни да покријат и дел од трошоците за снабдување на основниот материјал за изработка на истите.
Целта на акцијата е да се помогне во националните напори за борба со корона вирусот. Процесот на производство може да започне веднаш штом се добијат дозволите за изработка од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства.