Министерот за образование и наука Арбр Адеми, денеска на прес-конференцијата рече дека имале разговори со сите факултети приватни и државни, и се договориле од идната недела да има он-лајн настава.
„Во следните денови се договоривме сите факултети да направат максимални напори во одредена форма за он-лајн настава во интерес за нашата настава. Ова е практика и начин на настава која голем дел од нашите факултети ја применуваат, не само сега, туку и во нормалното функционирање. Станува збор за граѓани кои што веќе ги имаат совладано ИТ вештини, за разлика од помалите деца кои ги немаат совладано овие вештини, и секако им е потешко“, рече Адеми.
Министерот изрази надеж дека онлајн наставата за студентите ќе почне уште од понеделник и дека ќе ја применуваат сите факултети, со цел како што рече, студентите да не го губат времето.