ВИДЕО – Текстилците во Прилеп смируваат – ќе има маски за сите граѓани – Во Прилеп 76 мина во изолација и под полициски надзор

Дел од прилепските текстилни компании ги произведија првите 1.000 заштитни маски. Како што ќе се произведуваат тие ќе се доставуваат до Општина Прилеп која потоа ќе ги распределува до оние кои имаат најголема потреба, прво тоа ќе бидат институциите, а потоа и обичните граѓани. Иако во моментов маски во аптеките нема текстилните компани ги смируваат граѓаните и велат дека нема потреба од паника, маски ќе имало за сите.

 

 

„Целта е оваа количина денешна да се распредели правилно и да не брзаат граѓаните да набавуваат премногу маски, затоа што ние нема да престанеме, ниие ќе работиме додека треба, додека има материјал, а има и тоа многу има материјал. Не можеме само одеднаш да произведеме за секој по 1.000 маски и да биде се во ред. Затоа без паника, без страв, маски ќе правиме се додека може“, истакна Горан Илиоски, сопственик на текстилна компанија.

 

„Во наредните денови дополнително ќе се прават секој ден по неколку илјади маски и истите ќе бидат распределени спрема приоритети од страна на Црвениот Крст и Општината. Нема потреба граѓаните да се јавуваат често за тие маски, ќе иима направено приориитети и како штом има потреба така ќе бидат и доделувани. Да кажам дека тие се бесплатни“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Ова е прва ваква иницијатива во Македонија од приватниот сектор за бесплатна изработка на заштитни маски. Маските биле направени од материјал кој може да се пери и маската да се употребува повеќе пати.

 

Инаку во Прилеп досега нема заболено лице од Ковид 19. Во изолација се 76 лица на кои полицијата им врши секојдневна контрола, а 4 лица од нив денеска заработија и кривични пријави биидејќи не ги почитувале мерките за самоизолација, односно за време на изолацијата се шетале надвор и имале средби со други лица.

 

„Не ги почитувале препораките, излегувале и го напуштиле својот домм непотребно или често. И затоа протиив нив се покренати кривични пријави“, рече градоначалникот Јованоски.

 

До бизнис секторот беше упатен и апел да се донира храна и средства за лична хигиена за социјално ранливите категории и истите да се достават до Црвениот крст. Моментално немало никакви донации.

 

048-424-710 е бројот на Црвениот крст каде секој може да се обрати од 10 до 14 часот.

 

„Формирании се тимови ии тие ќе вршат дистрибуција на храна, средства за хигиена и лекови, на семејствата кои се во самоизолација, а се во социјален ризик. Доколку имаме соодветен одговор од корпоративниот сектор стоиме на рссполагање во соработка и со Центарот за социјална работа да се изврши дистрибуција ии до најранливата категорија на социјални семејства. Значи се што имаме залиха како храна се за лицата во самоизолација, ама во социјален ризик. Затоа е и овој апел до корпоративниот сектор за да може да одговориме и до таа категорија на социјала значи“, рече Катерина Кочоска, секретар на Црвен Крст Прилеп.

 

Инаку мобилни тимови волонтери на Општина Прилеп им купуваат на старите и изинемоштени лица потреби намирниции. А сега за да се контактира со овие волонтерски тимови се воведе и бесплатна телефонска линија 080 00210.

 

Исто така Здравствениот дом од Прилеп од денеска се засили со 3 нови тимови кои ќе вршат домашна посета.

 

Како мерки пак за заштита од корона вирусот во Прилеп деновиве се врши дезинфекција на градинките, училиштата, Домот за стари лица, улиците, плоштадите, како и влезовите на градот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи