На 17.03.2020 од страна на ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава против З.Г.(58) од Прилеп, во својство на генерален директор во правно лице и В.К.(46) од Струмица, вработен во истото правно лице, во својство на советник на генералниот директор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на февруари и март 2019 пријавените, со намера да извлечат пари од сметката на правното лице и да го прикријат текот на парите, ја злоупотребиле својата положба и овластувања на начин што, без консултација со службите од правното лице и одборот на директори, пристапиле кон наводна реализација на договор во вкупна вредност од 1.725.000 евра, за испорака на производи за фирма во Р.Гана, по цена во повеќекратен износ повисока од реалната.
Целокупната коресподенција се одвивала преку приватни електронски пошти на пријавените. Истите пристапиле кон извршување на плаќање на парични средства на физички лица, преку брз трансфер на пари, за наводни трошоци на тендер во износ од 350 евра, за авторизација на договор во Врховен суд на Р.Гана во износ од 9.700 евра и дозначување на парични средства преку банкарска девизна сметка, која ја користи правното лице во износ од 34.500 евра. Пријавените го оштетиле правното лице за вкупен износ од 3.052.584 денари.