Оливер Спасовски уште еднаш потврди дека вонредната состојба не значи сопирање на се, туку само поголеми овластувања на владата да носи брзи одлуки за справување со ситуацијата.
„Вонредната состојба не значи дека ќе замре животот. Сите функции ќе продолжат и во овие услови, а правата и слободите не се ограничиуваат по автоматизам. Не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот со снабдување на лековите во аптеките и болниците. Нема одлуки за нови рестрикции по движењето и обврските на граѓаните. Исклучок се подрачјата на Дебар и Центар Жупа. Таму имаме кризна состојба. Ќе направиме се оваа состојба таму да се смени на подобро“, изјави Спасовски.
Техничкиот премиер најави дека вонредната состојба ќе трае 30 дена, со можност да се продолжи доколку е потребно. Повторно упати порака до највозрасната популација да останат дома и доколку имаат било каква потреба може да побараат помош од волонтерите кои ги има во секоја општина.