Според СВР Битола во моментов на територијата на СВР Битола има 172 лица кои се наоѓаат во домашна изолација и под полициски надзор.
Овие граѓани не значи дека се заразени од корона вирусот туку тие претходно биле во странство и според препораките веднаш по влезот во Македонија се ставени во домашна изолација во траење од 14 дена.
Инаку полицијата поднесе и 4 кривични пријави за прилепчани кои не ги почитувале мерките за забрана за време на епидемија, односно не ја почитувале изолацијата.