Чулев: Над 1.000 лица во самоизолација под надзор на полицијата

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува над 1.000 лица за кои има издадено наредба за самоизолација, информираше техничкиот министерот за внатрешни работи Наке Чулев.

 

Министерот информира дека на 17 и 18 март се поднесени 11 кривични пријави против 12 лица поради непочитување на мерките за зашита од коронавирусот, а има и казни за непостапување на  здравствените прописи за време на епидемија и за самоизолација за што пропишаната казна изнесува најмногу до 2.500 евра. Полицијата обезбедува 365 лица под  здравствен надзор, а бројката на тие што се во самоизолација постојано варира и е над 1.000.

Чулев апелираше дека по прогласената состојба Одделот за специјални полициски информации презема мерки и се ангажирани на цело подрачје.

 

„На телефонскиот број 0800 00 201 и на објавениот мејл за 2 дена евидентирани се 59 мајлови и 402 телефонски повици. Се однесуваат на регулирање на товарни возила, за извлекување на државјани заглавени во некоја од странските земји. Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири“, изјави Чулев.

 

Чулев додаде дека денеска МВР и АРМ ќе формираат заеднички штаб на кој ќе се утврдат сегментите на кои полицијата ќе може да има помош од армијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи