Министерот за здравство, Венко Филипче, преку својот Твитер профил соопшти дека во текот вчерашниот ден се регистрирале уште 19 нови случаи на заболени со коронавирусот Ковид-19, со што бројката на заболени во С. Македонија се искачи на вкупно 67 лица.
Два од новите случаи биле дијагностицирани преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), додека другите 17 случаи се регистрирани преку Клиниката „Жан Митрев“, а нивните резултати ќе бидат потврдени во текот на денот, информираше Филипче.
Град со најмногу заразени е Скопје кој има 34 лица, Дебар и околината имаат 30, додека по еден имаат Охрид, Гостивар и Штип.