Мицкоски: Купувајте македонски производи, спасете работно место, така ја правиме државата подобра

Ова е време на вистинска здравствена, санитарна но и економска криза. Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот. Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар. Вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

„Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси. Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!“, истакнува Мицкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи