Укинување на Јавниот градски превоз во Прилеп, засилена контрола на влезовите на градот, континуирана дезинфекција и забрана за собирање на повеќе од 5 лица

На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација после Одлуката на Владата, од утре, недела 22 март 2020 година, во времето од 21.00 до 06.00 часот, да воведе полициски час.

 

После одржаниот состанок, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните мерки:

 

  1. Се забранува собирање на повеќе од 5 лица, особено на младите, во парковите во градот, излетничките места и викендиците во околината на градот
  2. Се заострува контролата при влезот на возила од сите четири правци, при што секое возило кое влегува во градот ќе биде дезинфицирано
  3. Се укинува Јавниот градски превоз
  4. Ќе се врши континуирана дезинфекција на улиците во градот и населените места.

 

Истовремено, градоначалникот Јованоски упати апел до граѓаните, доколку забележат случаи на непочитување на мерките донесени од страна на Владата и Општинскиот кризен штаб, да ги пријават во МВР на број 192.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи