ВМРО-ДПМНЕ: Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери

Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери. Денес Заев промовираше мерки кои се за колапс на стопанството и со чие кратење на плати најмногу ќе се удри и ќе се одрази кај оние со пониски примања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во ист кош ги нареди министрите, директорите и функционерите со работниците со пониски примања на кои сега им вели дека ќе земат иста плата иако претходно имале различни приходи. И додека крати плати на работници не заборави владата да донесе уредба со која ќе може да врват тендери и трошења на пари за да им се полнат џебовите на функционерите на власт. Притоа не скрати ништо ниту од привремените вработувања и илјадниците партиски војници на СДСМ кои земаат пари, не создаваат вредност, а седат дома, истите оние илјадници кои предизборно ги трупаа во локалната, државната администрација и јавните претпријатија. Станува збор за сума која што е далеку поголема од оние 5,7€ кои ги предвиде владата, се наведува во партиското соопштение.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека помошта која ја нуди на компаниите е слаба и далеку од потребниот стимул.

 

Практично Заев призна неспособност и ги осуди на банкрот. Воедно крајно дискутабилно што народниот буџет се крои во штабот на политичка партија, и тоа што е спорно својството во кое Заев излегува да промовира владини мерки. Овие мерки за колапс ќе бидат делумна и недоволна помош, со паѓање на најголем товар на оние кои заработува помалку, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи