57 годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирус во Македонија

Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.

 

За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

 

Тој појасни дека брисот бил земен заради наглото влошување на состојбата, што, како што истакна, е нетипично за друга болест и тоа ги натерало лекарите да се посомневаат и да земат уште еден, трет брис.

 

Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела. Тој имал 33 години, вчера настанало влошување на состојбата и бил прво префрлен во Одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и после според протоколот е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен, хоспитализиран во стабилна здравствена состојба, истака министерот Филипче.

 

Филипче претходно на прес-кофнеренцијата ги потврди податоците кои ги лиферуваше Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

 

Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Covid-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба.

 

Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај шест пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив пет се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи