Од полноќ цените на горивата поевтинуваат во просек за 9,18%, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 34,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг и ќе изнесува 18,738 денари за килограм.