Прекршочна пријава за прилепчанец за лажно преставување како полицаец

 

 

МВР поведе дисциплинска постапка против двајца униформирани полицајци чија слика вчера се појави на социјалните мрежи под која имаше напишано навредлива содржина за граѓани кои се во изолација поради корона вирусот. Во истиот контекст беше објавена и втора фотографија со само едно лице, за која МВР утврдила дека не станува збор за полициски службеник, туку за лицето А.А од Прилеп, кое е повикано во полиција и на кое му е изречена прекршочна пријава и глоба од 600 до 800 евра за лажно претставување.

 

МВР, како што се наведува во полициското соопштение, го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .

 

Во соопштението се посочува дека при извршените проверки било утврдено дека двете лица кои се фотографирани во возило се овластени полициски службеници.Тие веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР, при што против нив најитно е поведена дисциплинска постапка за чија содржина и исход, јавноста ќе биде информирана по утврдување на сите факти.

 

Во врска со другата фотографија на којашто е фотографирано едно лице, МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор. По утврдените факти и разговорот со него, МВР против А.А ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник, носејќи полициска маица со полициски ознаки .

 

МВР апелира до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцира дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи