Спасовски: Убава вест од Брисел – Македонија ги започнува преговорите со ЕУ

 

 

Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и светот, денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест – Република Северна Македонија, ги започнува преговорите за членство во Европската Унија, истакна на пресконференција, премиерот Оливер Спасовски.

 

„Нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите. Тоа е победа  за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите владата, собранието, судството да ги спроведат реформите. Од денес ова го верификуваа и државите членки на ЕУ. Денешното признание е резултат на тешките политички одлуки кои ги донесе владата. Без договорот од Преспа и без договорот за добрососеседство со Бугарија ова немаше да се случи. Овој успех е крај на нашето чекање од 15 години. Денеска можеме да бидеме горди оти чекањето заврши. Нашата перспектива е во ЕУ. Точка од која враќање назад нема. Во наредниот период ќе поминуваме низ трансформација. Ова е повеќе од заслужен успех. Со оваа одлука се исправа стратегиската грешка од октомври, 2019 година. Да се радуваме на овој успех сите, сите политички партии. Да се радуваме и да се вратиме во реалноста и да продолжиме со уште една битка, битка со короната. Ни треба сплотеност и дисциплина“, истакна Спасовски.

 

Техничкиот премиер им се заблагодари и на институциите на ЕУ и на државите членки за, како што рече, исправната одлука којашто денеска ја усогласиле.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи